Фото: EPA/Profimedia

Ја шокираа јавноста: Пет познати парови за кои сите мислеа дека ќе останат засекогаш заедно

Познатите личности најчесто имаат бурен љубовен живот. Често влегуваат во врски, раскинуваат, се смируваат и имаат бројни афери. Иако на почетокот изгледаат совршени, холивудските романси често се краткотрајни.

Нашите омилени ѕвезди се постојано пред очите на јавноста и под голем притисок, па не е изненадување што дури и најстабилните врски завршуваат со разделба, оставајќи ги обожавателите ширум светот во голем шок.

Во продолжение се само некои од познатите холивудски парови за кои мислевме дека ќе траат вечно и чја разделба буквално ги скрши срцата на многу обожаватели ширум светот.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер

Фото: EPA/NINA PROMMER

Актерската двојка Бен Афлек и Џенифер Гарнер се запознале за време на снимањето на филмот „Перл Харбор“, но нивната врска започнала неколку години подоцна, кога заедно го снимале филмот „Daredevil“. Нивното пријателство набрзо се претвори во романса и се венчаа во 2005 година. Во бракот добија три деца и изгледаше како навистина да се создадени еден за друг, а веста за нивниот развод го шокираше Холивуд. Тие беа во брак 12 години. Во меѓувреме, Бен и се врати на својата стара љубов, пејачката Џенифер Лопез, со која се ожени во јули 2022 година.

Анџелина Џоли и Бред Пит

Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

Анџелина Џоли и Бред Пит, попознати како „Бранџелина“, веројатно се едни од најпознатите холивудски парови, а многумина мислеа дека нивната љубовна приказна е како онаа од бајките. Реалноста, се разбира, беше сосема поинаква. Двојката се запознала на снимањето на „Господин и г-ѓа Смит“ и наводно меѓу нив веднаш летале искри. Тие беа заедно од 2005 до 2016 година и за време на бракот добија три биолошки деца, но на крајот нивната брачна идила заврши доста неславно. Расправиите меѓу оваа некогаш многу популарна холивудска двојка се уште траат, а како што пишуваат странските медиуми, нивната врска била многу токсична и покрај вербалните расправии имало и физички пресметки.

Џони Деп и Ванеса Паради

Фото: EPA/ANDREW GOMBERT

Ѕвездата од „Пиратите од Карибите“ и некогаш многу популарен актер во минатото беше со многу жени, а потоа ја запозна француската актерка и модел Ванеса Паради и се чинеше дека конечно е подготвен малку да се смири. Тие поминаа 14 години заедно и имаа две деца. Кога во 2012 година го објавија својот „спогодбен развод“, многу обожаватели беа шокирани.

Деми Мур и Брус Вилис

Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Љубовната приказна на популарната холивудска двојка од 90-тите е инспирација за многумина, а нивната врска ни остана пример до ден денес. Славниот пар се запозна во далечната 1987 година, а набрзо потоа се венчаа. За време на бракот добија три ќерки, а јавноста ја растажија со објавата за развод во 1998 година. Иако со години не се заедно, Деми и Брус останаа многу блиски пријатели, па сите важни моменти ги поминуваат заедно.

Моника Белучи и Винсент Касел

Фото: EPA/ALESSANDRO DI MEO

Една од најсексапилните жени во светот, италијанската ѕвезда Моника Белучи, со години беше во среќен брак со харизматичниот француски актер Винсент Касел. Двојката се запознала во 1996 година на снимањето на филмот „Стен“, и двајцата признале дека веднаш ја забележале меѓусебната привлечност. За време на бракот добија две ќерки, а веста за нивниот развод во август 2013 година, по 18 години љубов, ја шокираше јавноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!