„Ја инспириравте нацијата“: Џонсон со поддршка за заболениот стогодишен капетан Мур

Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Британскиот премиер Борис Џонсон му пружи поддршка на британскиот ветеран, капетанот Том Мур, кој собра речиси 40 милиони фунти за Националната здравствена служба на Велика Британија, откако стогодишниот старец е примен во болница со ковид-19.

„Ја инспириравте целата нација и знам дека сите ви посакуваат целосно закрепнување“, напиша Џонсон на Твитер.

Тој нагласи дека неговите мисли се со Мур и неговата фамилија во овие тешки моменти.

Мур собра речиси 40 милиони фунти за Националната здравствена служба на Велика Британија, во хуманитарна акција која започна во април минатата година. Тој тогаш пеш направи 100 круга од 25 метри во својот двор во Бедфордшир, во тури од по 10 круга, во пресрет на својот 100-ти роденден на 30 април.

Неговата ќерка Хана Инграм-Мур во неделата рекла дека нејзиниот татко е примен во болница, дека последните недели се лекувал од воспаление на белите дробови, а минатата недела бил позитивен на ковид-19. Британските медиуми исто така му пружија поддршка на Мур кој собори два Гинисови рекорди, а беше одликуван и од кралицата Елизабета.

„Молете се за Том“, пишуваше на насловната страница на таблоидот Сан, а слични пораки испратија и другите британски медиуми кои исто така објавија фотографии од Мур.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот