Израелските сили се во состојба на висока готовност по убиството на вториот човек на Хамас во Бејрут

Даниел Хагари / Фото: GIL COHEN-MAGEN / AFP / Profimedia

Израелската армија денеска е во состојба на подготвеност за „секое можно сценарио“, еден ден по нападот во предградието на Бејрут во кој беше убиен вториот човек на палестинското движење Хамас, јавија француските медиуми, повикувајќи се на официјални извори.

-Израелските сили се во состојба на многу висока подготвеност… за одбрана и за напад. Ние сме целосно подготвени за секое сценарио. Најважно е да кажеме дека сме фокусирани и остануваме фокусирани на борбата против Хамас, изјави портпаролот на израелската армија Даниел Хагари.

Високиот функционер на Хамас, Салех ал-Арури, вчера беше убиен во Бејрут, потврдија Хамас и Хезболах.

Либанската државна агенција јави дека Арури и уште три лица загинале во експлозија предизвикана од израелско беспилотно летало.

Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, го осуди „кршењето на суверенитетот на Либан“ и „проширувањето на војната“ што се води во Појасот Газа.

-Движењето чии водачи и основачи паднаа како маченици за достоинството на нашиот народ никогаш нема да биде поразено, рече Ханија во синоќешното телевизиско обраќање.

Арури, како еден од основачите на военото крило на Хамас, ја предводеше оваа милитантна групата на Западниот Брег.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот