Израелските амбасади повикани да се приклучат на штрајковите против судските реформи

Израел протест / Фото EPA-EFE/ATEF SAFADI

Амбасадите на Израел ширум светот добија инструкции да се приклучат на денешниот штрајк против судските реформи на премиерот Бенјамин Нетанјаху, се вели во писмото на синдикатот што го видел „Ројтерс“. Во писмото се наведува дека активностите на Министерството за надворешни работи во земјава и во странство ќе бидат ограничени само на итните служби.

Израелската синдикална организација Хистадрут повика денеска на генерален штрајк среде масовните протести против судските реформи. Штрајкот ќе започне доколку премиерот Бенјамин Нетанјаху не објави дека се откажува од планираните реформи, соопшти синдикалната организација.

Нетанјаху преку Твитер ги повика демонстрантите и нивните противници да се воздржат од насилство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот