Израелскиот претседател ќе присуствува на конференција за безбедност во Минхен

Исак Херцог / Фото EPA-EFE/GIAN EHRENZELLER

Претседателот на Израел, Исак Херцог, следната недела ќе учествува на безбедносна конференција во Минхен, соопшти денеска директорот на таа конференција Кристоф Хојсген.

Тој не кажа дали ќе дојдат и членови на владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху, кои сигурно нема да патуваат во Минхен.

„Нетанјаху веќе дојде на конференцијата, а сега со нетрпение го очекуваме претседателот“, рече Хојсген.

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток предизвикан од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври минатата година ќе биде една од главните теми на состанокот што се одржува од 16 до 18 февруари.

На конференцијата во Минхен ќе учествуваат и премиерите на Либан, Катар, Ирак и Кувајт и министрите за надворешни работи на Саудиска Арабија и Оман, како и претставници на јеменската влада.

На состанокот се очекуваат вкупно 50 шефови на држави и влади, меѓу кои и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот