Хути во Јемен/Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Израел го нападна Јемен и се закани: Лидерот на Хутите ќе биде елиминиран

Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац денес се закани дека Израелските одбранбени сили ќе го елиминираат лидерот на Хутите, Абдул Малик ал-Хути, доколку групата поддржана од Иран продолжи да го напаѓа Израел.

„Израелските одбранбени сили (ИДФ) сега нападнаа и сериозно оштетија пристаништа во Јемен кои се под контрола на терористичката група Хути. Аеродромот во Сана е исто така уништен“, напиша Кац Икс.

Според него, ако Хутите продолжат да со ракетните напади кон Израел, ќе претрпат болни удари.

„Исто така, ќе ги нападнеме лидерите на тероризмот, како што направивме во Газа, рече тој, осврнувајќи се на лидерите на Хамас и Хезболах кои Израел ги елиминираше или се обиде да ги убие.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот