
Изминаа 34 денови, Лијам Пејн сè уште не е погребан: Семејството конечно го најави датумот на погребот
Прерано починатиот пејач на „Уан дајрекшн“ Лијам Пејн се очекува да биде погребан оваа недела во неговиот роден град Вулверхемптон, повеќе од еден месец откако трагично го загуби животот во хотел во Буенос Аирес, Аргентина.
Препорачано
Семејството на Лијам Пејн се надева дека неговиот погреб „ќе помине без проблеми“ и донесе одлука еден од блиските пријатели на пејачот да не биде поканет, пренесува „Мирор“.
Погребот на Лијам се очекува да биде приватен настан и се верува дека неговиот пријател Рохелио „Роџер“ Норес нема да биде присутен, бидејќи тој бил со Лијам непосредно пред смртта.
Роџер е еден од тројцата осомничени, обвинети за смртта на Пејн, иако тврди дека нема никаква вина, сепак, нема да биде добредојден на погребот на Лијам како резултат на тековната истрага.
„Семејството на Лијам сака неговиот погреб да се одвива без проблеми и во моментов мислењата се поделени кога станува збор за Роџер. Вистина е дека тој и Лиам имале некаков однос, но тој никогаш не бил посебен кога станува збор за неговиот поширок круг“, пренесува извор близок до семејството.
На погребот ќе биде присутна и Шерил Кол, која беше во врска со Пејн две години и имаат синот Беар Греј, роден на 22 март 2017 година. Пејачката неодамна објави и трогателна порака во која меѓу другото вели:
„Се обидувам да се снајдам во овој настан што ја разбранува земјата и да успеам да функционирам носејќи се со сопствената тага во ова неописливо болно време“.
Таа ја нагласи човечката страна на оваа загуба, велејќи: „Би сакала љубезно да ги потсетам сите дека изгубивме човечко суштество“.