Фото: EPA / Pexels

Измамници му „собрале“ 230.000 евра на поранешен војник: Го злоупотребиле ликот на познатиот пејач Род Стјуарт

Неодамна беше актуелна веста за „лажниот Бред Пит“, човек кој успеа да ја измами Французинката Ан (53) за 830.000 евра и да ѝ го уништил животот, а сега сличен случај е забележан и во Британија.

Пензионираниот мајор Вејн Вестхед (65) инвестирал околу 230.000 евра во „шема за биткоин“ додека неговата сопруга се борела со ракот. Барал начин да си ги зголеми приходите за да може да плати за нови трошоци, но наишол на измамници, пренесува „Метро“.

Откако неговата сопруга почнала да се лекува, Вестхед видел реклама на Фејсбук за „шема за инвестирање во биткоин“ која ветувала високи приноси, со мал ризик. Рекламата била направена да изгледа како проектот да е поддржан од легендарниот музичар Род Стјуарт.

Но, британскиот пејач нема никаква врска со оваа приказна и неговиот лик е целосно злоупотребен. По првичниот контакт, измамниците го убедиле поранешниот војник дека е подобро да вложи поголеми суми пари, а откако првиот месец „заработил“ 700 евра, несреќникот се согласил.

„Со текот на времето почнав многу да инвестирам. За жал, мојата сопруга не беше подобра“, изјавил тој за локалните медиуми.

Измамниците ја искористиле неговата емоционална состојба и го притискале да инвестира во „скапи“ и „комплексни шеми“ се додека не им предал заштеда од 180.000 евра.

„Навистина не разбирав што правам, но ми рекоа дека ќе имам 50 биткоини кои ќе можам да ги извадам кога ќе посакам“, објаснил Вестхед.

Тогаш цената на Биткоинот беше 7.700, што би значело дека ќе „профитира“ околу 385.000 евра. Она што тој сепак не го знаел е дека неговите пари завршиле на лажни сметки, а потоа во џебовите на сајбер криминалците.

Во јули 2019 година, сопругата на Вестхед починала, а набргу потоа му биле дијагностицирани два типа на рак. Тоа не ги спречило измамниците да го искористат, па тој направил уште една инвестиција од 20.000 евра.

Кога се обидел да пристапи до инвестициите, му било кажано дека мора да плати 177.000 евра за да ја „отклучи“ неговата сопственост, што била последната капка.

„Ги контактирав и реков дека знам што прават. Бев беспомошен, разочаран од себе. Сè уште имав хипотека за куќата, која не ја исплатив“, рекол поранешниот војник.

Тој открива дека измамничката шема траела четири години и дека на крајот се плашел дека ќе мора да се врати на работа, иако бил болен.

Во неверојатен пресврт на настаните, Вестхед успеал да си ги врати парите благодарение на напорите на една адвокатска фирма.

„Ја научив лекцијата и никогаш повеќе нема да ми се случи. Среќен сум што луѓето можат да ја слушнат мојата приказна и се надевам дека ќе им помогне навреме да ја препознаат измамата“, заклучил тој.

ВИДЕО | Славниот рокер се фати за лопата: Моето Ферари не може да помине низ овие дупки!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!