Изложба на електрични и хибридни возила во Карпош

Фото: МИА

Во знак на одбележување на Европската недела на мобилност, Општина Карпош денеска во комплексот на техничките факултети организираше настан „Електромобилност 2.0″, на кој беа изложени електрични и хибридни возила, и други алтернативни превозни средства.

Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, кој присуствуваше на настанот, рече дека како локална самоуправа, со поставување на првото „соларно дрво” направиле исчекор во сферата на електромобилноста.

Тој посочи и дека подготвиле брошура „План на активности за одржлива урбана мобилност на Карпош”, што ги детектира проблемите со кои се соочуваат граѓаните, но и идните активности и мерки на Општината.

-Потребно е значително да работиме на подобрување и прилагодување на инфраструктурата, тротоарите, патеките, за сите учесници во сообраќајот, како и за лицата со попреченост, рече Богоев.

Што се однесува до јавниот транспорт во Градот Скопје, Никола Наумовски, шефот на Кабинет на градоначалникот на Град Скопје, на настанот појасни дека наскоро, главниот град ќе ги добие првите автобуси на гас, кои ќе го олеснат транспортот на граѓаните, а притоа ќе се придонесе и во заштитата на животната средина. Настанот е организиран од здружението „Електромобилност”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот