
Излезе „Културен печат“ број 299 во весникот „Слободен печат“
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 299, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (20-21.9.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:
Препорачано
– интервју со визуелната уметница Љупка Делева: Постојано пластам нови искуства и умешности
– разговор со Шуи-Лин Вајт, уметничка од Јужна Африка и гостинка на „Остен“: Уживам во цртањето
– стрип-издавачот „Бункер“ го објави графичкиот роман „Лоу – Берлинските години на Дејвид Боуви“ од Рајнхард Клајст
– во слава на поетот Игор Исаковски (1970-2014), на 55-годишнината од неговото раѓање, објавена е книга со неговата поезија со наслов „Совршен поет“ во издание на „Или-Или“
– наградата „Ристо Шишков“ за актерско остварување ја доби актерката Биљана Драгиќевиќ Пројковска, а специјално признание доби Битолскиот театар
– претставата „Ничија земја“ на Македонскиот народен театар во Ќустендил беше испратена со петминутен аплауз и стоечки овации
– театарскиот колектив „Штрих“ го најави првиот фестивал на независните театри од Западен Балкан
– со претставата „Д (како Дездемона)“ во кореографија на Рисима Рисимкин Скопје танцовиот театар имаше извонреден настап во Верона
– гитарскиот виртуоз Курт Розенвинкел за првпат ќе настапи во Скопје заедно со Националниот џез оркестар
– гудачкиот камерен оркестар „Арко“, под диригентската палка на Ерхан Шукри, на 23 септември ќе го изведе концертот „Пејзажот на Арко“
– врвни издавачи и литературни агенти ќе учествуваат на фелоушип-програмата на литературниот фестивал „Про-за Балкан“
– дебитантската збирка поезија „Антисвет“ од Ана Тодоровска, во издание на издавачката куќа „Илика“, беше промовирана во рамки на 9. издание на мултимедијалниот фестивал „АртАреа / Артерија“.