Насловна страница на „Културен печат“ број 285

Излезе „Културен печат“ број 285 во весникот „Слободен печат“

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 285, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (14-15.06.2025), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со театрологот, писател и научник Иван Додовски: Треба да ја негуваме современата драма

– интервју со Кирил Џајковски пред неговиот концерт со филмска музика: Целиот концерт го подготвувам како за своја душа

– осврт кон 24. „Оф-фест“: Музички пораки што поттикнуваат емпатија

– разговор со германскиот автор на графички романи Рајнхард Клајст: Цртањето е последниот процес на работата

– заврши 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп: Награди што го потврдуваат квалитетот на театарските продукции

– во Ректоратот на УКИМ е промовирана колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“

– Рациновото признание на манифестацијата „Рацинови средби“ во Велес го доби романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска

– објавено е второ дополнето издание на книгата „Портрети на злосторниците, Јасеновац – балкански Аушвиц“ од авторите Иван Бабановски, Самуел Колономос Садикарио и Мартин Димковски Бабагинин

– во издание на „Современост“ објавен е новиот труд „Преплетувања“ на македонскиот писател и научен работник Васил Тоциновски

– програмата на летната сцена „Славиша Кајевски“ на МНТ годинава има хуманитарна димензија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!