Излезе „Културен печат“ број 232 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 232

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 232, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (24-26.5.2024), на четири страници поради продолжениот празничен викенд, меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со словенечкиот дипломат, амбасадор и писател Милан Јазбец: Инспиративни вибрации го проникнуваат македонското општество

– музички осврт кон концертот „Оперски приказни“ на Билјана Камчева Божиновска: Квалитетен и надарен сопран со префинето музичко чувство

– успешно издание на фестивалот „Литера“: Илустрации што со убава динамика се движат низ приказните

– четвртото издание на „Скопски поетски фестивал“ ќе се одржи од 29 мај до 1 јуни во Скопје

– македонската уметницата Марија Павловска ја доби меѓународната награда „Леонардо да Винчи“, што ја доделува италијанската фондација „Ефето арте“

– асоцијацијата „Макбрас“ го најави четвртото издание на „Скопски брас фестивал“, посветен на лимените дувачки инструменти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот