Излезе „Културен печат“ број 220 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 220

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 220, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (2-3.3.2024), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со Дарко Јан Спасов, директор на Театар Комедија: Актерот е темелник на една театарска куќа

– разговор со визуелната уметница Тања Балаќ, добитничка на Гран-при на 20. „Зимски салон“ на ДЛУМ: Критика на реалноста и хаосот во кој живееме

– ретроспективи, јубилеи и едукација се дел од годишната програма во 2024 година во Националната галерија

– монографија за Универзалната сала со наслов „Скопскиот симбол на хуманоста“ од Весна Дамчевска ќе има промоција во Скопје

– проектот „Полска на полица“ овозможува полската книжевност да биде присутна во македонските библиотеки

– едицијата „Порта Европа“ на „Арс Ламина“ носи свеж европски здив во македонската преводна книжевност

– холандскиот уметник Јонас Стал го изложи проектот „Станица Пропаганда“ во Музејот на современата уметност во Скопје

– циклусот „Симбиоза“ е новото уметничко патување на Бојан Ковски, кое е претставено во Музејот на град Скопје

– Вевчанскиот карневал е прогласен за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење

– издавачката куќа „Антолог“ во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на различноста“ ја објави книгата „Воините на загубената плима“ од Кетрин Дојл

– „Артконект“ ја објави уникатно илустрираната сликовница за деца „Јарињата Брусе одат на училиште“ од Бјорн Ф. Рорвик и Гри Моурсунд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот