Излезе „Културен печат“ број 208 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 208

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 208, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (8-10.12.2023), во скратен формат на четири страници поради празничниот викенд, меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– Културниот и едукативен центар „Небрегово“ на 7 декември пред споменикот кај МАНУ организираше „Отворен час за бесмртниот Конески“

– во галеријата „Јустина и Родољуб Анастасов“ при Музејот на град Скопје е отворена Годишната изложба на дела на Родољуб Анастасов

– уметничката група „Моми“ се претставува со изложбата „Мајкинство“ во КИЦ-Скопје

– македонските уметници се вратија со пет награди од „Катар интернационал арт фестивал“, што се одржа во Доха

– Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ) промовираше три нови албуми од македонската музичка ризница

– мултимедијална концептуална изложба со наслов „Форми на системот“ од Иван Аџиевски на 9 декември ќе биде отворена во КСП „Центар-Јадро“

– во КИЦ-Скопје на 13 декември ќе биде отворена групната изложба „На изворот на Климент и Наум“ од колекцијата на Климе Коробар

– новата книга „Балкански вознеси“ на Васил Тоциновски, во издание на „Академска мисла“ од Скопје, ги проследува, толкува и вреднува заемностите меѓу балканските литерaтури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот