Излезе „Културен печат“ број 207 во весникот „Слободен печат“

Насловна страница на „Културен печат“ број 207

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 207, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (2-3.12.2023), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има:

– интервју со д-р Ана Мартиноска од Институтот за македонска литература за монографијата со тажаленки: Тажен фолклористички паметник на многу генерации скопјани

– разговор со актерката Дарја Ризова од МНТ: Верувам во идеалот за создавање поубав и похуман свет

– промовирана е монографијата „75 години Театар Куманово (1948 – 2023)“

– под слоганот „Поп мај корн“ на 2 и 3 декември во „Мала станица“ во Скопје се реализира првото издание на Фестивалот за современа уметност „Танц Бункер 01“

– јубилејното десетто издание на ПИН-Конференција и шоукејс, како дел од програмата на 25. Фестивал „Таксират“, од 30 ноември до 2 декември се одржува во МКЦ во Скопје

– изложба „Фрагментирани реалности“ на Страхил Петровски: Деструктивната моќ на човекот ставена „на пиедестал“

– во галеријата „Метаноја“ во Скопје од 28 ноември е поставена изложбата „Таен премин кон Месечината“ на Ване Костуранов

– поглед кон претставата „Пикник на фронтот“ во Драмски театар: Сенки од луѓе што се обидуваат да опстојат

– книгата „Траума и театар: Горан Стефановски“ од проф. д-р Мишел Павловски беше промовирана во Културно-информативниот центар – Скопје

– промовирана е книгата „Книжевни крстопати (сведоштва од меѓукултурниот дијалог)“ на Звонко Танески во издание на „Полица“

– во КИЦ – Скопје на 6 декември ќе се одржи дебата со тематски наслов „Книжевната сцена во современиот културен контекст“, која ќе ја модерира новинарката и културна истражувачка Ана Јовковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот