Излекуваните од Ковид-19 да се пријават за дарување конвалесцентна плазма за да им помогнат на заболените

Сите лица кои се излекувани од Ковид-19 да се пријават за дарување на конвалесцентна плазма, апелира министерот за здравство Венко Филипче во објава на својот ФБ профил.

За пријавување, како што посочува, треба да се пополни електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот за трансфузиона медицина: https://bit.ly/30ufhA4

-Славица и Мирјана се двете ќерки на најстарата излекувана пациентка од Ковид-19, кои исто така беа позитивни и оздравеа од овој вирус. Тие минатата недела даруваа конвалесцентна плазма која ќе се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирусот. Од сè срце им се заблагодарувам за хуманоста. Да бидеме хумани и да им помогнеме на заболените од Ковид-19 побрзо да оздрават, напиша Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот