
Издавачката куќа „Мртов Коњ“ организира музичка „Антивикенд програма“
Музичката издавачка куќа „Мртов Коњ“ објави голема програма на настани неделава, која се одржува од 8 до 12 септември и содржи осум концерти, од кои еден во радио и една работилница. Во програмата учествуваат гости од Хрватска, Америка, Италија и Виетнам.
Препорачано
Програмата почна на 8 септември со Стражар (Мартин Џорлев), кој одржа целовечерен настан / концерт во радиото „Канал 103“, со што беше одбележан Денот на независноста.
На 9 септември, во Паб „Ѕе“, од 21 часот, настапуваат хрватското гараж-панк трио „Dad Joke“ со локална поддршка „Кајзер Созе“, додека, пак, на 10 септември во „Буква“, од 19 часот, е најавен настанот „Sound Escapes“, на кој ќе има работилница за теремин и концерт на Александар Ордев и „Improof“.
На 11 септември составот „Ташмагандаз“ (Јордан Костов, Там Пхам, Никола Коџабашија, Ник Де Карло, Марко Печеновиќ и Александар Галевски) ќе го освои „Кино Фросина“ во МКЦ со својата воинствена експериментација.
За крај, највозбудливиот настан од оваа седмица е на 12 септември во КИЦ, каде настапуваат „Passepartuot Duo“ (Италија / Америка), кои од формирањето до денес се на непрекината турнеја, посетувајќи ги едни од најзначајните уметнички резиденции низ целиот свет. Во 2021 година тие го дизајнираат првиот електромагнетен синтисајзер Chromaplane, за чија креација го освоија првото место на Guthman Musical Instrument Competition во 2025. Заедно со нив ќе настапи и македонското дуо „Алембик“.