ИЗБЕРЕТЕ ЈА ВИСТИНСКАТА БОЈА: Истакнете ги очите со соодветната сенка за вас

шминка

Сенката за очи е еден од најомилените шминкерски производи, бидејќи може да придонесе да експериментирате со дневниот и ноќниот изглед, само со количината и начинот на нанесување.

Сепак, добро е да знаете и која нијанса или боја, но и текстура, најмногу ви одговара на вашите очи.

Следете ги овие едноставни упатства и прилагодете ги боите на вашиот стил за шминкање:

1. Зелени очи

Користете виолетова сенка во нијанси како модра слива, светло пурпурна или боја на црно вино за истакнување на зелените очи.

2. Сини очи

Оваа боја најлесно се истакнува со топли бои како што се портокалова, нијанса на праска, розова со портокалов тон и бронзена нијанса.

3. Сиви очи

Користете кафеави, розови и темноцрвени сенки очи, за да ги нагласите вашите сивкасти очи.

4. Очи со боја на лешник

Одберете светли нијанси на виолетовата боја. Можете дури да користите и „дреч“ варијанти на виолетова со црвен тон во себе.

5. Светли кафеави очи

Комбинирајте и нијансирајте со беж, златна, жолта и мат маслинесто-зелена нијанса на сенка за очи.

6. Темно кафеави очи

Идеална комбинација која ја нагласува длабочината на погледот е виолетова и златна. Користете ги една по една или пак и двете заедно, нијансирани една со друга.

Едноставен трик за ПОЛНИ УСНИ на кој досега не сте се сетиле

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот