Ивановски не успеа да се пласира во главната фаза на турнирот во Бергамо

Фото: .mtftennis.mk

Maкедонскиот најдобар тенисер, Калин Ивановски беше поразен во последниот квалификациски натпревар за пласман на челинџер турнирот во Бергамо.

Ивановски не успеа да се пласира на турнирот кој е со награден фонд од 73.000 евра и беше поразен во последното квалификациско коло.

По вчерашната победа против Италијанецот, Алесио Балестиери, Ивановски денес загуби од Михаил Кукушкин кој е со скоро 100 позиции подобар ранкиг од Калин.

Мечот добро започна за македонскиот тенисер кој го доби првиот сет со 6:3, а во вториот со тај-брејк на стартот поведе со 2:0. Сепак наредните четири гејма му припаднаа на Кукушкин. Ивановски се врати но во тај-брејкот загуби со 7:2.

Во третиот сет Ивановски еднаш го загуби својот сервис и тоа беше доволно за Кукушкин да дојде до 6:4 и победа од 2:1 во сетови.

Калин го изедначи својот најдобар ранкинг во кариерата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот