Италијанскиот екстремно десничарски лидер Салвини ја оспори ефикасноста на санкциите кон Русија

Фото: EPA/ Giuseppe Lami

Поранешниот италијански министер за внатрешни работи и лидер на екстремно десничарската партија Лига, Матео Салвини денеска предизвика контроверзии, откако во прашање ја доведе ефикасноста на европските санкции против Русија, воведени поради инвазијата врз Украина.

-Поминаа неколку месеци и луѓето плаќаат сметки, два пати или дури четири пати повеќе. По седум месеци војната руската каса и натаму се полни со пари, изјави Салвини за радиото РТЛ, пред да одржување на еден локален економски форум во северна Италија.

Салвини праша дали санкциите функционираат и одговори негативно.

-До денеска победници се оние што беа санкционирани, а оние што воведоа санкции се на колена, рече поранешниот министер и додаде дека очигледно „некој во Европа греши во пресметката”.

Според него, неопходно е да се преиспита стратегијата за зачувување на работните места и бизнисот во Италија.

Лидерот на Демократската партија Енрико Лета, еден од главните противници на Салвини во актуелната кампања за парламентарните избори на 25 септември, рече дека е загрижен за земја како Италија која „им намигнува на Русија”.

-Кога го слушам Салвини како зборува за санкции, се чувствувам како да ја слушам пропагандата на рускиот претседател Владимир Путин. Загрижен сум за земја како Италија која и намигнува на Русија, рече Лета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот