фото: EPA-EFE/NICOLA MASTRONARDI

Италија е последниот полуфиналист на Европското одбојкарско првенство

Ако во осминафиналната фаза одбојкарската репрезентација на Италија рутински ја совлада селекцијата на Македонија со 3:0, во четвртфиналето на Европското првенство пред себе имаше далеку поквалитетен противник.

Пред своите навивачи во Бари најдобрите италијански одбојкари со резултат 3:2 во сетови ја елиминираа селекцијата на Холандија.

Холанѓаните кои беа едни од нашите ривали во групната фаза одиграна во Скопје, го освоија првиот сет со 25:19.

Возвратија Италијанците доминирајќи во следните два сета (25:17, 25:16), а во четвртиот за егал се погрижија „лалињата“ откако беа подобри со 25:23.

Последниот патник во следната фаза беше решен во последниот петти сет кој го доби Италија со 15:12.

За Италија најефикасен беше Алесандро Микелето со 22 поени, следен од Даниеле Лавиа со 16. Кај Холандија најрасположен беше Нимир Абдел-Азиз со 31 поен.

Полуфиналните дуели, натпреварот за третото место и финалето ќе се организираат во Рим, Италија. Потсетување дека Италија ја брани европската титула од минатиот континентален собир пред две години.

Евроволеј 2023
Полуфинале, двојки

14 септември
Полска – Словенија
Италија – Франција

16 септември
Натпревар за трето место
Финале

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот