Италија без руски гас до крајот на годинава

Гасовод Северен тек 1/ Фото EPA-EFE/FILIP SINGER

Во текот на оваа година Италија ќе биде независна од рускиот гас до крајот на 2023 година, рече министерот за економија на европската земја Адолфо Урсо, посочувајќи на два регасификатори на ЛНГ носачи, од кои едниот пристигна во пристаништето Пиомбино, што ќе и овозможи на земјата да се потпре наместо на земји како Алжир, Азербејџан и Либија за гас, пренесува агенцијата Фена, повикувајќи се на Еуроактив. По 26 дена пловење од Сингапур, танкерот со ЛНЏ Голар Тундра, кој може да преработува пет милијарди кубни метри течен природен гас годишно, конечно пристигна во пристаништето Пиомбино (провинција Ливорно).

Заедно со уште еден брод, кој се очекува во Равена, се предвидува дека ќе имаат вкупен капацитет од 13 милијарди кубни метри годишно. Во текот на оваа година, Италија ќе може „целосно да се ослободи од зависноста од рускиот гас“, изјави Урсо за Радио24.

„Отидовме од 40 отсто руски гас во 2021 година на 16 отсто минатата година и со овие два брода ќе успееме во нашата цел“, додаде тој. Што се однесува до цените на енергенсите, министерот рече дека „нема тревога на повидок“ бидејќи залихите во моментов се полни поради многу блага зима.

Тој додаде дека договорот за ценовните ограничувања постигнат во Брисел обезбедил и постепено намалување на светските цени. Извршниот директор на Снам Фсру Италиа, Елио Руџиери, рече дека првата испорака за тестирање ќе пристигне на крајот на април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот