Истражувањето докажа: Четири чаеви кои го забавуваат стареењето

Profimedia
Фото: Профимедиа

Пиењето чај може да има повеќе придобивки отколку само уживање во вкусот и релаксација.

Според една нова студија, консумирањето три шолји од три вида чај дневно може да ги одложи процесите на биолошкото стареење. Со други зборови, овој едноставен пијалак може да ви го продолжи животот, пишува „Ерт“ (Earth).

Студија на кинески експерти на Универзитетот Сечуан спровела истражување која вклучувала анализа на податоци од две групи: 5.998 Британци на возраст меѓу 37 и 73 години и 7.931 кинески учесник на возраст од 30 до 79 години.

Учесниците дале детални информации за своиоте навики за пиење чај, вклучувајќи го и претпочитаниот тип на чај (зелен, црн, жолт или улонг), како и просечниот број на шолји што ги консумирале секој ден.

Истражувачите потоа процениле различни маркери на стареење како што се крвниот притисок, холестеролот и процентот на телесните масти за да ја одредат биолошката старост на учесниците.

Наодите, објавени во стручното списание „Лансет реџионал хелт – вестерн Пацифик“ (The Lancet Regional Health – Western Pacific), покажале дека луѓето кои пијат околу три шолји чај, односно шест до осум грама листови чај, покажуваат знаци на побавно биолошко стареење. Интересно е што побрзо биолошко стареење е забележано кај оние кои престанале да пијат чај.

Научниците веруваат дека полифенолите, за кои е познато дека ја подобруваат цревната микробиота, се одговорни за одложување на процесот на стареење. Ова благотворно влијае на имунитетот, метаболизмот и когнитивните функции.

Иако студијата не разгледала одредени видови на чај, не била пронајдена значајна разлика помеѓу оние кои пијат црн чај во Велика Британија и оние кои пијат зелен чај во Кина.

Значи, формулата е едноставна, а еликсирот на младоста, ни се чини, е повеќе од достапен. Изберете го вашиот омилен топол пијалак – зелен, црн, жолт или улонг чај – и почестете се трипати на ден. Можеби една шолја кафе можете да замените со оваа благотворна напивка.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот