Истражување: Темното чоколадо е „филувано“ со кадмиум и олово!

Според американскиот магазин „Консумер Рипорт“, најголемите кондитори треба сериозно да се зафатат со отстранување на „опасните нивоа“ на тешки метали за да ги заштитат потрошувачите

Американскиот магазин „Консумер Рипорт“ објави дека открил „загрижувачки“ количества олово и кадмиум во различни чоколадни производи. Според нивното истражување, тешки метали биле пронајдени во сите 28 анализирани темни чоколади, а во 23 примероци, вклучувајќи ги и производите на најголемите производители, нивото на олово, кадмиум или двата метали ја надминало границата која веќе може да се смета за штетна доколку 28 грама се консумираат дневно, пишува Политика рс.

Најпознатиот светски магазин за широка потрошувачка го повика „Херши“, еден од најголемите производители, да го намали количеството на тешки метали во слатките. Здружението на слаткари изјави дека ова истражување не ги земало предвид стандардите за безбедност на храната и дека сите чоколади се безбедни за употреба. Потрошувачите поднесоа тужби против голем број компании, меѓу кои Херши, Монделез, Годива и Линдт. Списанието минатата недела објави дека кадмиум и олово биле пронајдени во повеќе чоколадни производи.

Во Македонија засега нема некои посериозни истражувања на оваа тема, иако во трговијата има брендови чии што темни чоколади, се продаваат и на нашиот пазар.

„Нашите научници тестираа 48 чоколадни производи од повеќе компании, меѓу кои темно и млечно чоколадо, какао во прав, чоколадни чипсови, брауни микс, чоколадни колачи и топло чоколадо – наведуваат авторите на ова истражување. Според нив, сите 48 производи содржеле мерливи количини на тешки метали, а 16 од нив содржеле потенцијално штетно ниво. Само млечното чоколадо не содржело тешки метали поради помалото количество цврсти материи од какао. Во писмото упатено до производителите е објавено дека долготрајната изложеност на тешки метали може да предизвика проблеми во нервниот систем, со бубрезите и може да влијае на имунитетот. Околу 75.000 луѓе ја потпишаа петицијата против производителот. Според еден од директорите на „Консумер Рипорт“, најголемите кондитори треба сериозно да се зафатат со отстранување на „опасните нивоа“ на тешки метали за да ги заштитат потрошувачите.

Како што пренесува порталот „Пословни“, здружението на кондиторската индустрија соопшти дека чоколадото и какаото се безбедни за јадење и потрошувачите можат да бидат спокојни.

Според д-р Фред Хенретиг, виш токсиколог во Детската болница во Филаделфија, ниско ниво на изложеност на олово може да има сериозно влијание врз когнитивните способности на децата.

-И изложеноста на високи нивоа на олово може да предизвика слабост, анемија и оштетување на бубрезите или мозокот, што ги погодува децата повеќе отколку возрасните, според Центрите за контрола и превенција на болести. Дополнително, „кога се јаде, големи количини на кадмиум може сериозно да го иритираат желудникот и да предизвикаат повраќање и дијареа“, преупредуваат од американскиот Центар за контрола на болести и превенција.

Eкспертите тврдат дека темното чоколадо има повеќе тешки метали од млечното, веројатно поради поголемиот дел од зрната какао. Нема официјална граница, но темните чоколади генерално содржат најмалку 65 проценти какао по тежина, вели токсикологот Мајкл Џ. Ди Бартоломеис. Помеѓу 2019 и 2022 година, тој и други истражувачи проучувале како металите можат да го контаминираат какаото, како дел од спогодбата во судскиот спор против производителите на чоколади покрената од Ес Ју Со, организација која се залага за корпоративна одговорност.

„Е Ју Со“ претходно откри високи нивоа на олово и кадмиум во некои чоколади. Истражувачите откриле дека растенијата какао земаат кадмиум од почвата, а металот се акумулира во зрното какао додека расте дрвото. Ова е слично на тоа како тешките метали контаминираат некои други намирници. Но, се чини дека оловото влегува во какаото откако ќе се соберат зрната. Поради различните начини на кои кадмиумот и оловото влегуваат во чоколадото, решавањето на проблемот со контаминација бара различни решенија. За оловото, тоа ќе значи промени во практиките на бербата и производството, вели Даниеле Фугер, претседателка на Ес Ју Со.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот