
Истражувањата потврдија: Постојат три типа на објави на социјалните мрежи што вашите пријатели ги мразат
Истражувањата потврдија дека постојат три типа на објави на социјалните мрежи кои луѓето не сакаат постојано да ги гледаат.
Препорачано
Позната им е ситуацијата на многумина, кога се релаксирате на каучот на крајот од напорниот ден и отсутно се движите низ социјалните мрежи на вашиот телефон.
Ги гледате вообичаените објави, како видеа со упатства за некој што се шминка или фризура, пријател кој бара препораки за добра книга или можеби реклама за нова чанта или костим за капење. И тогаш наидувате на слики што ги објавил некој познаник на одмор и тоа не ви се допаѓа.
Ако ова е вашата реакција на фотографии од одмор на вашите пријатлеи, погодете што – не сте сами.
Како што пишува „Ридерс дајџест“, според една неодамнешна онлајн-анкета, фотографиите од одмор се тип на објави што луѓето потајно најмногу ги мразат.
Беше спроведено истражување на повеќе од 1.000 Американци за да се запознаат со нивните навики на социјалните мрежи и реакциите на објавите поврзани со одмор.
Учесниците во анкетата вклучија 49 отсто жени, 49 отсто мажи и 1 отсто небинарни поединци. Учесниците беа на возраст од 18 до 77 години, при што 14 отсто беа генерација Зет, милениумци во 53 отсто, Генерација Икс 22 отсто и бумерс 10 отсто.
Врз основа на собраните податоци, истакнати се три типа на објави на социјалните мрежи кои луѓето не сакаат да ги гледаат.
Голи фотографии
Провокативните или флертувачките фотографии, како оние на плажа, во бикини, можат да го привлечат вниманието на многумина, но истражувањата покажуваат дека 55 отсто од учесниците веруваат дека таквите фотографии имаат сосема спротивен ефект.
Одбројување за одмор
Дури 53 отсто од испитаниците признале дека се чувствуваат љубоморни кога ќе видат објави со натписи на своите пријатели кои ги одбројуваат деновите до нивното патување, особено затоа што многумина не можат да си дозволат такви патувања.
Носталгични објави
Повеќе од половина од испитаниците рекле дека фотографиите од одмор од минатите години се исто толку здодевни како и другите фотографии од одмор и често можат да направат другите да се чувствуваат љубоморни или тажни.
Овие слики, иако се слатки и носталгични за поединецот, можеби не се забавни или интересни за пошироката јавност. Истражувањето открило доколку сакате да споделите информации за вашиот одмор без да ги иритирате пријателите и следбениците, постојат неколку типови на објави кои биле позитивно оценети од учесниците.
Совети и предупредувања
Половина од испитаниците ја препознаваат вредноста на споделувањето информации за тоа што да избегнуваат на одмор за да се избегнат несакани ситуации. Искуствата споделени на корисен и ненаметлив начин се корисни и добредојдени за сите.
Ако сакате да ги споделите вашите неодамнешни фотографии од одмор, се препорачува да го сторите тоа со мала група пријатели и семејството кои навистина ќе ги негуваат вашите спомени. Можете да креирате приватен албум на вашиот мобилен телефон или да започнете затворена група на социјалните мрежи.
Важно е да се напомене дека вашите социјални медиуми треба да ја одразуваат вашата автентичност, освен ако не се обидувате да привлечете повеќе следбеници или да продадете производ онлајн.
Доколку сакате да ги споделите вашите фотографии и не ви е грижа за бројот на следбеници, слободно направете го тоа! Не можете да ги задоволите сите на интернет, а ако некому не му се допаѓа тоа што го објавувате, може едноставно да се откаже од следењето.