Историски пресврт: Во Германија католиците станаа малцинство

католик свештеник
Фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Во Германија, Римокатоличката и Евангелистичката црква губат сè повеќе и верници и влијание.

Така христијаните станаа малцинство во Германија, пренесуваат медиумите.

Кога ќе се соберат членовите на католичката и евангелистичката верска заедница, кои се двете најголеми христијански цркви во таа земја, се гледа дека нивниот број паднал под 50 отсто.

– Ова е историски пресврт. По многу векови, за прв пат во Германија, веќе не е нормално да се биде член на црковната заедница, објасни социологот Карстен Фрерк.

Тој посочи дека веќе подолго време е забележлив трендот на намалување на бројот на припадниците на христијанските верски заедници.

Во текот на изминатите шест години, овој тренд се забрза.

Минатата година христијаните, односно членовите на Католичката и Евангелистичката црква сочинувале 51 отсто од населението, а за споредба, уште во 1990 година, уделот на припадниците на тие верски заедници бил 72 отсто.

Германците од католичка вероисповед, сè повеќе и вртат грб на својата црква, а и поради бројните скандали се повлекуваат од таа верска заедница.

Се поголем е и бројот на Германци кои не сакаат да се изјаснат за својата вера, а во исто време бројот на муслимани постојано се зголемува, како преку работната имиграција, така и поради големиот мигрантски бран во последните години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот