Македонските членови во Мешовитата комисија за историски прашања со Бугарија

Историската комисија имала состанок во Софија, се разговарало за учебници и заеднички чествувања

Во Софија вчера и денеска се одржа 33. средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, соопшти македонскиот дел од Комисијата, додавајќи дека состанокот поминал во конструктивна работна атмосфера, со интензивна расправа за прашања од делокругот на нејзината работа.

-На средбата стана збор за евентуални заеднички чествувања; дискусија за препораки за македонските учебници за VII одделение; утврдување на динамиката на работа за првото полугодие за 2025 година; Комисијата го усогласи текстот за Нацрт-записникот од 27 седница, пишува во соопштението.

Следната средба на Комисијата ќе се одржи кон крајот на февруари 2025 година во Скопје.

Во Скопје кон крајот на октомври се одржа средба на Мешовитата комисија, која беше прва за новиот состав на македонскиот тим. Копретседавачот на бугарскиот тим, Ангел Димитров, по средбата рече дека таа „повеќе била за запознавање“ и дека се разгледувале работи „од технички аспект“.

Претходно, средба на Мешовитата комисија за историски прашања се одржа на 30 и 31 мај во Софија, а состанокот планиран во Скопје на 18 и 19 септември годинава беше одложен на барање на македонската страна.

Новиот состав на македонскиот тим од заедничката комисија беше избран од Владата на 10 септември, а во него, покрај новиот претседател на македонскиот тим, Ванчо Ѓорѓиев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, се и: Митко Панов, Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровски. Претседателот Ванчо Ѓорѓиев порано беше член на Комисијата, но ја напушти во 2021 година, обвинувајќи за политички притисоци во нејзината работа.

Заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања беше формирана како резултат на Договорот за добрососедство меѓу Северна Македонија и Бугарија потпишан на 1 август 2017 година.

Мистериозни дронови 17 дена летале над воена база и седиштето на ЦИА, Пентагон бил збунет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот