Фото: Инстаграм

Исплива причината поради која Брус Вилис боледува од афазија: Доживеал тешка несреќа

Како што наведуваат бројни извори, веќе неколку години постоеле знаци дека Брус Вилис (67) се бори со когнитивно нарушување на мозокот, поради кое не е во состојба да обработува вербални пораки.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bruce Willis (@brucewillisbw)

За армијата негови обожаватели, беше шокантно да слушнат Брус Вилис како го најавува своето пензионирање – но не било никакво изненадување за оние кои работат со легендата на акционите филмови.

Според бројни извори, веќе неколку години има знаци дека Брус Вилис се бори со когнитивно оштетување на мозокот, поради што не е во состојба да обработува вербални пораки.

Неколку часа по изјавата на неговото семејство во која објави дека ќе се „оддалечи од кариерата којашто толку многу му значела“ поради дијагнозата афазија, се покажа дека неговите редови во последните сценарија биле значително скратени. Не било невообичаено Брус да помине не повеќе од еден ден на снимањето, а режисерите давале се од себе за да се прилагодат на неговата состојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bruce Willis (@brucewillisbw)


„ЛА Тајмс“ извести дека двапати промашил додека пукал од пиштол исполнет со ќорфишеци на сетот на „Hard Kill“ во 2020.

Стјуарт Ф. Вилсон, кој е негов двојник веќе 17 години, за „Сан“ изјавил: „Видовме некои промени. Понекогаш кога разговаравте со него, тој само делуваше далечно и деконцентрирано и мислевме дека тоа не значи ништо, но подоцна се запрашував дали му се случуваат други работи“.

Колегите од нискобуџетниот филм „Белиот слон“ реккле и дека ѕвездата на филмовите „Умри машки“ изгледала збунето, прашувајќи двајца членови на тимот: „Знам зошто си ти тука и знам зошто си ти тука, но зошто сум јас тука?“

Други, исто така, тврделе дека Брус морал да носи мал слушен апарат за да го потсети на неговиот текст, кој веќе бил поедноставен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bruce Willis (@brucewillisbw)

Мајк Барнс, режисер на акциониот трилер „Out Of Death“ од 2021 година, наводно им рекол на сценаристите на филмот дека речениците на Брус треба да бидат „кратки и слатки“. Барнс продолжил да режира уште еден филм со Брус, но по снимањето рекол дека чувствува дека повеќе не може да работи со него.

„Откако завршивме, реков: „Не сакам да снимам повеќе филмови со Брус Вилис.“ Ми олесна што се повлекува.“

Откако оваа тажна вест се појави во медиумите, нема објаснување што довело до проблемот на Брус. Сега се појавија податоци дека пред 20 години бил погоден со проектил во челото кога акробацијата на сетот тргнала наопаку.

Брус поднел тужба тврдејќи дека инцидентот предизвикал „екстремна ментална, физичка и емоционална болка и страдање“.

Можеби ќе помине некое време пред фановите повторно да го видат Брус Вилис на големото платно. А, можно е и тој ден никогаш да не дојде.

Јазичното нарушување, попознато како афазија, за кое неговото семејство открило дека е причина за неговите тешкотии, може да биде привремено, но постојат големи шанси и да биде трајно. Најчеста причина за афазија е мозочниот удар и ги погодува луѓето над 65 години.

Брус Вилис се повлекува од актерството поради тешка болест

Освен Брус Вилис, болеста афазија ги погоди и овие познати личности

Брус Вилис е тешко болен: Тажно е да се гледа легендата како се распаѓа пред вашите очи

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот