
Исплива бизарен прекар кој Чарлс ѝ го дал на Меган Маркл и секоја жена би полудела доколку свекорот ја нарече вака
Сè започна идилично во односот помеѓу Меган Маркл и кралот Чарлс, тогаш принц, а заврши со „Мегзит“ и нарушување на семејните односи, откако војводата и војвотката од Сасекс решија да ја напуштат Бакингемската палата и да се преселат во Калифорнија. Тогаш односите „замреа“, но прекарите кои британскиот крал ѝ ги дал на својата снаа Меган сè уште траат! Барем сега за нив нашироко и наголемо се зборува, а со оглед на новите околности тие не изгледаат многу ласкави.
Препорачано
Со текот на годините, Меган Маркл беше опсипана со голем број мошне непријатни прекари на интернет, од „Me-gain“ (лична корист) до „Тешка војвотка“ и „MeMeMegan“ (ЈасЈасМеган), но можеби најбизарниот од сите е „Волфрам“, кој ѝ го дал кралот Чарлс затоа што е „цврста“ и „непоколеблива“ – како што тој своевремено ја опишал.
Иако на прв поглед не изгледа дека споредувањето со цврстиот метал не е најпријатен комплимент, Чарлс тоа го сметал за комплимент и пофалба – и прекарот останал. Кралското семејство веќе долго време користело прекари меѓусебно во приватните кругови, а ваквото ословување наводно било начинот на Чарлс да ѝ посака добредојде на Меган во семејството. Таа веќе била навикната на прекари. На крајот на краиштата, Меган не е ни нејзиното вистинско име – нејзиното вистинско име е, всушност, Рејчел, но почесто го користела своето средно име – Мег.
Според информациите на Шарлот Грифитс, новинарката на весникот „Мејл он сандеј“, во јуни 2018 година, Чарлс првпат го употребнил прекарот „Волфрам“ во раните денови од заедничкиот живот на Хари и Меган, како членови на кралското семејство.
– Принцот Чарлс ѝ се восхитува на Меган за нејзината сила и поддршката што му ја дава на Хари, кому му треба некој како неа во животот, бидејќи тој може да биде малку мек. Тоа стана знак на наклонетост – рекол тогаш извор од палатата.
Волфрамот е метал кој се наоѓа во периодниот систем и е познат по високата точка на топење и цврстината. Затоа, прекарот во тоа време се сметал за трогателен комплимент.
Кејти Никол дополнително го објаснила потеклото на овој прекар во својата книга од 2022 година „Новиот крал: наследството на кралицата Елизабета и иднината на круната“ (The New Royals: Queen Elizabeth’s Legacy and the Future of the Crown).
Таа тврди дека Чарлс ѝ го дал прекарот на Меган кога го започнала својот живот како член на кралското семејство, бидејќи тој наводно видел дека таа е „отпорна“ и способна да се справува со јавноста.
Никол, исто така, истакнала дека значењето на прекарот било очигледно во текот на нејзиното прво заедничко појавување со Хари, Вилијам и Кејт на настанот на Кралската фондација во февруари 2018 година.
Таа напишала дека Меган е „ѕвезда во подем“, како и дека остава впечаток на „глазирана, страсна и духовита“ жена, која ги користи сите свои вештини стекнати на телевизија за да ги презентира своите ставови.
Инаку, по настанот, Чарлс продолжил да развива близок однос со Меган и двајцата наводно добро се сложувале, според извештаиите. Во мај 2018 година, Чарлс ја испрати до олтарот, откако нејзиниот татко Томас го откажа присуството на свадбената церемонија поради операција на срцето.