
Испијте го пред спиење: Овој чај помага при несоница, ги ублажува нервозата и напнатоста
Кога сте напнати, под стрес или нервозни, обидете се да се опуштите по напорниот ден со чаша здрав и природен пијалак. Станува збор за чај од маточина.
Препорачано
Истражувањата покажуваат дека маточината може да го намали стресот и анксиозноста, а помага и при несоница. Растението содржи гама-аминобутерна киселина (GABA), која влијае на мозокот и го поттикнува намалувањето на стресот. Чајот од маточина може да помогне и во намалувањето на негативното расположение, подобрување на добрата енергија, па дури и позитивно да влијае на сексуалната желба.
Покрај ублажувањето на нервозата, маточината има и антимикробни својства и го намалува ризикот од инфекција. Полн е со антиоксиданси кои се неопходни за заштита на телото од „оштетување“.
Сепак, за целите на детоксикација, се препорачува да се користат свежи листови од маточина, бидејќи потготвувањето го намалува нивото на антиоксиданси. Искуството покажува дека маточината може да помогне и при мачнини во стомакот. Важно е да се напомене дека не треба да претерувате со маточината, бидејќи може да предизвика контраефект и да ја зголеми анксиозноста кога се зема во големи количини.
Како да направите чај од маточина? Прелијте една лажица маточина со 200 мл врела вода и оставете ја да отстои 10 минути. Процедете го чајот и уживајте во пијалакот. Маточината има благ и пријатен вкус, а за дополнително задоволство можете да ја засладите со малку мед.