Ислам Абази со уште една функција, предложен за член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители

Ислам Абази - шев на ЈО за гонење на организиран криминал и корупција / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Советот на јавни обвинители на денешната шеесет и деветта седница ги предложи Ислам Абази и Фиданка Рајевска за двајца членови од редот на јавните обвинители во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Абази на 7 ноември доби најмногу (66) гласови на изборите за шеф на ОЈО ГОКК и Советот на ЈО в понеделник треба да одржи седница за негово именување, додека Рајевска е член на Советот на ЈО.

За нивни заменици се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски.

Советот ги предлага и Јован Цветановски и Газменд Мехемти за членови и Пецо Везировски и Фатон Азизи за нивни заменици на Комисијата за завршен испит при Академијата за судии и јавни обвинители од редот на јавните обвинители.

На 69-тата седница, Советот на ЈО донесе и одулка за престанок на функцијата јавен обвинител на Ристе Шошески, поради исполнување на услови за старосна пензија за јавниот обвинител во ОЈО Прилеп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот