
Исфрлете го Ерлинг Халанд од Премиер лигата, тој е робот
Навивачите во Велика Британија започнаа петиција преку која бараат на норвешкиот напаѓач да му биде забрането да продолжи да игра за Манчестер сити во една од најсилните лиги на светот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Петицијата која ја започнаа навивачите се вика: „Исфрлете го Ерлинг Халанд од Премир лигата, тој е робот.
Веќе пристигнаа над 400.000 потписи и тој број се очекува продолжи да расте во наредните денови. Се верува повеќе дека петицијата е покрената од симпатизерите на Манчестер јунајтед, откако Норвежанецот неодамна постигна три гола во градското дерби во убедливата победа на тимот на Пеп Гвардиола (6:3) против „црвените ѓаволи“.
Халанд постигна 19 гола на 12 мечеви во сите натпреварувања, од кои 14 во Премиер лигата и пет во Лигата на шампионите. Неговите феноменални игри воодушевуваат многумина ширум светот, меѓу кои и клупскиот колега во Сити, Џек Грилиш.
– Никогаш не сум видел нешто слично во животот, секогаш е таму каде што треба. Голманот ми извика нешто, ми рече „Тој не е човек“, на што му одговорив „Зар мене ми го кажуваш тоа“. Се надевам дека ќе остане во оваа форма – вели Грилиш.
Amazing ? pic.twitter.com/LV8Upg1EM4
— SPORTbible (@sportbible) October 5, 2022
ВИДЕО | Урнебесна реакција: И на Гвардиола не му се верува колку Халанд е добар