Исчистени две диви депонии во Општина Илинден

Фото: Општина Илинден

Во рамки на акцијата за чистење на диви депонии која беше спроведена во соработка со екипите од ЈКП „Илинден” и инспекциската служба од Општина Илинден собрани се околу 70м3 мешан комунален отпад, градежен шут и слично.

Исчистени се две диви депонии во н.м. Миладиновци, на потегот од Миладиновци кон Текија, како и покрај железничката пруга во Миладиновци, информираат од Општина Илинден.

Како што објаснуваат од оваа локална самоуправа, во рамки на акцијата за чистење на диви депонии која беше спроведена во соработка со екипите од ЈКП „Илинден” и инспекциската служба од Општина Илинден собрани се околу 70м3 мешан комунален отпад, градежен шут и слично.

Во наредниот период, Општина Илинден ќе продолжи со акции за чистење на диви депонии, со што значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и подобрување на животната средина. Општина Илинден апелира до сите граѓани да го почитуваат Законот за јавна чистота, да не го оставаат ѓубрето на недозволени места и со своето однесување и еколошка свест да придонесат за поздрава и почиста животна средина – велат од Општината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот