ИРАНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ГАРДА: Уништувањето на ИЗРАЕЛ сега не е само сон, туку „ДОСТИЖНА ЦЕЛ“

Фото: EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENAREH

Во тврдење првично објавено во иранските медиуми, генералот Хосеин Салами го прогласи Техеран за способен целосно да го уништи „наметнувачкиот ционистички режим на Израел“, објави „Тајмс оф Израел“.

Командирот на елтната исламска Револуционерна гарда (ИРГЦ) изјави дека уништувањето на Израел сега е „достижна цел“, објави израелскиот медиуми.

– Четири декади од иранската Исласмска револуција, ние успеавме да достигнеме капацитети за да го уништиме наметнувачкиот ционистички режим – наводно изјавил Хосеин Салами, а пренесе сајтот за вести на ИРГЦ.

Коментарите се направени на состанок во Техеран за командири на ИРГЦ, средба во време на зголемени тензии меѓу Иран и САД заедно со нивните сојузници.

Повеќе агенции ја пренесоа изјавата на Салами, вклучувајќи ја и „ИРНА“, која стави акцент на неговото тврдење дека Иран е сѐ посилен и конечно би можел да ги победи непријателите.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја прогласи Револуционерната гарда за терористичка организација во април оваа година.

– Овој чекор без преседан, предводен од Стејт департментот, ја препознава реалноста дека Иран не само што е држава која директно го спонзорира тероризмот, туку ИРГЦ активно е вклучена во негово финансирање, и промовира тероризам како алатка за државнотворност – стоеше во соопштението на американскиот претседател.

Според „Тајмс оф Израел“, Иран е на највисоко ниво на подготвеност, стравувајќи од можни напади, откако беа обвинети за нападот врз саудиските нафтени постројки. Јеменските Хути кои се поддржани од Иран ја преземаа одговорноста за нападот, но САД сѐ уште тврдат дека одговорноста е кај Иран.

Нападот во Саудиска Арабија беше последниот инцидент по пропаѓањето на нуклеарниот договор на Иран со светските сили, повеќе од една година откако американскиот претседател Трамп еднострано ги повлече САД од договореното. Нуклеарниот договор требаше да го спречи Техеран да гради атомско оружје, нешто што Иран отфрла дека сака да го прави, во замена за некои економски придобивки.

Иран често му се заканува на Израел, гледајќи ја земјата како моќен противник и сојузник на САД и на земјите со Сунитски лидери во регионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот