Иран ги продолжува преговорите за нуклеарниот договор, во ноември на иста маса со претставниците на Брисел

Знаме на Иран / Фото: МИА

Иран е подготвен да ги продолжи преговорите за својата нуклеарна програма во Виена во ноември, изјави иранскиот заменик министер за ова прашање Али Багери по средбата во Брисел со европскиот преговарач Енрике Мур, пишува Волстрит Журнал.

„Имав сериозен и конструктивен разговор со Енрике Мур за основите на успешните преговори. Се договоривме да ги започнеме преговорите пред крајот на ноември. Точниот датум ќе биде објавен следната недела“, објави Багери на Твитер.  

ЕУ ги повикува Иранците да ги продолжат преговорите започнати во Виена за да се спаси овој договор, кој треба да го спречи Техеран да дојде до нуклеарно оружје.  

Тие беа суспендирани во јуни поради претседателските избори во Иран. Договорот за иранската нуклеарна програма, официјално наречен „Заеднички сеопфатен акционен план (JCPOA)“, беше потпишан во Виена во јули 2015 година од страна на Иран и „Групата 5 плус 1“, која се состоеше од пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН (Кина, Франција, Русија, Велика Британија, САД) и Германија, како потписници во име на Европската Унија.  

Обединетото Кралство, Кина, Германија, Франција, Русија и Иран во април започнаа состаноци во Виена, со индиректно учество на САД, со цел да се обидат да го оживеат договорот.  

Во 2018 година, Трамп ги повлече САД од договорот и воведе санкции кон Иран, додека Иран, како одговор, почна да ги занемарува своите обврски од договорот. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот