Интерпол очекува да прими нови членки

Интеропол/Фото: ЕPА-EFE

Интерпол има повеќе членки од Обединетите нации, а организацијата очекува да прими повеќе земји, изјави претседателот на Интерпол Ахмед Насер ал Раиси.

-Земјата што ја примаме е Палау. Се надеваме дека повеќе земји ќе се приклучат во иднина. Ние сме најголемата организација. Ќе имаме 196 членки, што е повеќе од ОН, рече Ал Раиси во пресрет на 91. Генерално собрание на Интерпол.

Според него, Интерпол постојано прима нови членови.

-Многу ни е важно на криминалците да не им оставиме место за криење, објасни претседателот на Интерпол.

Интерпол моментално има 195 земји-членки, додека Обединетите нации имаат 193 земји-членки.

Ал Раиси ја презеде функцијата претседател на Интерпол во ноември 2021 година.

Од денеска до 1 декември во Виена ќе се одржи 91. Генерално собрание на Интерпол, по повод 100-годишнината од создавањето на организацијата во главниот град на Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот