Како котира македонската армија на светско ниво

ФОТО - Македонска армија - EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Интернет-порталот „Глобал фајерпауер“ неодамна објави листа на 142 земји рангирани според нивната воена сила за 2022 година. На листата за воената моќ на државите, Македонија оваа година е позиционирана на 135-та позиција.

За потсетување, Македонија досега само шест пати беше вбројувана во рангирањата на „Глобал фајерпауер“. Првпат во 2017 г. сајтот ја рангираше нашата војска на досега највисокото 116-то место на листата на држави. Наредната 2018 година, АРСМ беше сместена пониско за шест позиции, односно беше поставена на 122-то место на табелата. Во 2019 година, АРСМ беше сместена пак на 118-то место, додека лани таа беше позиционирана на 133-то место на листата на „Глобал фајерпауер“.

ФОТО – Воена вежба АРСМ EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Во меѓувреме, познавачите на случувањата, иако очекуваа во новото рангирање нашата земја да се најде повисоко на табелата, бидејќи АРСМ веќе две години е дел од НАТО, иако тоа во практична смисла на зборот го зголемува индексот на моќта на нашата војска на глобално ниво, сепак и оваа година до тоа не дојде. Доколку се земе во предвид дека оваа година „Глобал фајерпауер“ има додадено две нови држави во листата на амрии може да се заклучи дека македонската армија практично го задржала истото место од лани.

Во меѓувреме, според сајтот, најмоќна армија во моментов во регионот е Србија, која се наоѓа на 61-то место. Потоа следуваат Хрватска на (62-то место), Бугарија (67-место), Словенија (86), Албанија (115), БиХ (123), Црна Гора (132), Македонија (135) и Косово, кое втор пат се најде на листата и ја зазема 140-та позиција.

ФОТО : Армиско возило Хермелин во Гевгелија – EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Засега остануваат непроменети лидерските позиции според моќта на армиите, каде што војската на САД и натаму е најмоќната во светот. По неа следуваат Русија на втората позиција и Кина на третото место. Инаку, според она што е напишано во описот на сајтот, рангирањето е извршено според единица мера наречена индекс на моќ, која произлегува од комплицирани пресметки добиени од информации од јавни извори, како што се веб-порталот на ЦИА, социјалната мрежа Фејсбук, интернет-енциклопедијата Википедија и други. Во рангирањето не се земени предвид нуклеарните способности на оценуваните држави.

 

Хронологија на рангирањата на македонската армија

Година и позиција на табелата

2022 – 135.

2021 – 133.

2020 – 127.

2019 – 118.

2018 – 122.

2017 – 116.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот