ИНТЕРАКТИВНА МАПА: Урбанизацијата ги задушува жариштата на биодиверзитетот во Охридско Езеро

Охридско Езеро
Охридско Езеро

Од Фронт 21/42 апелираат итно да се стопира секаква натамошна урбана и крајбрежна трансформација.

Деветте жаришта на биолошка разновидност на брегот на Охридското Езеро се поклопуваат со најжешките точки на урбанизацијата и трансформација на нашето највредно природно богатство заштитено од УНЕСКО. Ова го покажаа наодите на граѓанското здружение Фронт 21/42 во врска со спроведување на препораките на УНЕСКО за Охридскиот Регион. Од Фронт 21/42 апелираат итно да се стопира секаква натамошна урбана и крајбрежна трансформација. Бернската Конвенција неодамна објави дека ќе отвори случај за уништување на Охридското езеро и Галичица, по жалбата поднесена од Фронт 21/42.

„Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО лани укажа дека тековните и планираните трансформации ја забрзуваат оваа веќе ранлива состојба до точка од која нема враќање. За нас е запрепастувачко тоа што локалните и централните власти продолжуваат по патот до точката на неповрат, целосно свесни за исходот“, вели за „Слободен печат“ Ања Јованова од Фронт 21/42 .

Од Фронт 21/42 појаснуваат дека зад сите црвени точки и линии на мапата стојат конкретни планови и проекти за градби врз или во непосредна близина на жариштата на биолошка разновидност и се во различни фази на реализација.

„Податоците за најголемиот дел се превземени од јавно објавените службени гласници и разни официјални објави на локалната власт, дел се мапирани врз основа на јавните објави на државните институции, а неколку се мапирани по увидот на терен“, додава Јовановска.

На интерактивната мапа која ја изработи „Слободен печат“ погледнете ги жариштата кои ги мапира Фронт 21/42.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот