Интер и Манчестер Јунајтед се договорија: Онана за 50 милиони евра се сели на „Олд Трафорд“

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

По само една година помината во Интер со кој играше финале во Лигата на шампионите, Андре Онана ќе ја промени средината.

Според пишувањето на италијанските и англиските медиуми, Манчестер Јунајтед и Интер се договориле за продажба на 27-годишникот, а „црвените ѓаволи“ на сметка на клубот од Милано ќе исплатат сума од околу 50 милиони евра.

Интер така направи одличен потег бидејќи Онана минатото лето пристигна бесплатно од Ајакс и по една година поради одличните настапи ќе имаат одлична финаниска корист. Како потенцијални замени за Онана се Јан Зомер од Баерн Минхен и Анаталиј Трубин од Шахтјор.

Зомер со Баерн ја освои Бундеслигата, но не се прослави премногу во Минхен, додека Трубин одлично брани во Украина и спремен е за нов чекор во кариерата.

Кога во прашање е Манчестер Јунајтед, Онана пристигнува како замена за Давид Де Геа кој си замина по истекот на договорот откако 12 години помина во клубот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот