Инспекцијата утврди дека наставникот по албански јазик во Чашка бил вработен незаконски – распишаа оглас за нов, кој трае од петок до недела

Државниот инспекторат за труд донесе решение со инспекциска мерка, со кое се поништува огласот за 6 лица во ОУ ,,Тодор Јанев” Чашка, меѓу кои и за наставникот по одделенска настава на албански јазик. Во ова основно училиште со недели родители протестираат и не им дозволуваат на учениците да посетуваат настава, а јавноста можеше да види и како директорката беше изложена на негодувања и протести пред да влезе во училишната зграда. Причината за протестот, според организаторите, е во тоа што паралелката е отворена на незаконски начин.

Државниот инспекторат за труд постапувајќи по писмено барање за вршење вонреден инспекциски надзор во правниот субјект ОУ Тодор Јанев, општина Чашка, изврши вонреден инспекциски надзор од областа на работните односи, во врска со наводни неправилности при спроведувањето на постапка по јавен оглас, при што во рамките на надзорот, утврдени се низа недостатоци и неправилности по што од страна на инспекторот е донесено решение со инспекциска мерка со кое се поништува јавниот оглас за вработување на 6 лица, меѓу кои и за еден наставник по одделенска настава на албански јазик, велат од Државниот инспекторат за труд за ,,Слободен печат”.

Но, на страницата на Агенцијата за вработување, од вчера активен е нов оглас за вработување на наставник по одделенска настава на албански јазик, кој што завршува утре (недела, 17 декември). Огласот е објавен во петок а завршува во недела, односно кандидатите реално имаат само еден работен ден.

Албанска паралелка во Чашка: Директорката ги пријави за малтретирање родителите што протестираа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот