Инспекцијата на Општина Центар спречи незаконско градење на Водно

Фото: Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски постапувајќи по пријава од граѓани заедно со инспектори од Секторот за инспекциски работи денеска излезе на терен, на Водно каде се забележани градежни дејствија. Станува збор за 4 парцели во приватна сопственост, кои се надвор од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја.

На оваа локација не е предвидена никаква градба затоа веднаш е донесено решение за стопирање на градежните активности, а сопственикот е повикан во општина каде ќе бидат утврдени следните чекори. Им се заблагодарувам и на жителите за пријавата по која веднаш постапивме. Нема да дозволиме непочитување на законите и уништување на зеленилото заради нечие самоволие, рече Герасимовски.

Герасимовски повторно ги потсети сопствениците на парцелите на Водно да не се „излетуваат“ и да не ги прекршуваат законите.

Онаму каде не е предвидено не смее да се гради, Водно останува на граѓаните – вели градоначалникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот