Фото: Ruslan Huzau / Alamy / Alamy / Profimedia

Инспекција влезе во старскиот дом „Арија“ – пратиле известување до МВР и до финансиската полиција

Инспекција од Министерството за социјална политика пред две недели влегла во домот за стари лица „Арија“ во Скопје и извршила вонреден инспекциски надзор отако добиле вонредна претставка од граѓанин, потврдуваат оттаму за „Слободен печат“. Инспекторите нашле неправилности и на домот му дале рок да ги отстрани. Меѓутоа, утврдиле наводи при инспекцискиот надзор кои не се во нивна, туку во надлежност на МВР и на финансиската полиција.

 

За извршениот инспекциски надзор изготвен е записник со констатирани неправилности и донесено е решение со определени мерки и рокови за нивно отстранување.

Околу утврдените наводи при инспекцискиот надзор кои не се во надлежност на Секторот за инспекциски надзор од областа на социјална заштита на децата при Министерството за социјална политика, демографија и млади, известени се надлежните служби, односно пратен е допис до Министерство за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција и Државен санитарен и здравствен инспекторат, велат од Министерството за „Слободен печат“. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот