
Инфлуенсерка осудена за трговија со луѓе: Држела девојка во заробеништво
Бразилската инфлуенсерка Кат Торес е осудена на осум години затвор за трговија со луѓе, а истовремено една девојка држела како робинка.
Препорачано
Како што пренесува „Би-би-си“, две млади Бразилки исчезнале во септември 2022 година, а нивните семејства и пријатели започнале очајна потрага низ САД за да ги најдат.
Знаеле само дека исчезнатите девојки живеат со познатата инфлуенсерка Торес, која порано била познат модел и одела на забави со Леонардо Дикаприо.
Торес успеала да привлече голем број девојки, ветувајќи им дека ќе ги научи како да успеат во светот и како да стекнат самодоверба. Една од нив, Ана, која одигра клучна улога во пронаоѓањето на инфлуенсерката и нејзините жртви, изјави дека во 2017 година наишла на инстаграм-профилот на Торес.
Instagram influencer jailed for trafficking and slavery https://t.co/7XVNnChB4c
— BBC News (World) (@BBCWorld) July 14, 2024
„Ме привлече со тоа како успеа од обична бразилска девојка да дојде до меѓународна слава како модел“, изјавила Ана, додавајќи дека во тоа време се чувствувала ранлива и дека Торес ѝ дала надеж.
Инфлуенсерката ја напиша и својата автобиографија „Гласот“, тврдејќи дека има духовни моќи и може да ја предвиди иднината.
Сето тоа ја привлекувало Ана, како и останатите девојки, но не знаеле дека Торес својата книга ја темели на полувистини и лаги. Инфлуенсерката им ветувала на девојките деловен успех, пари и самопочит.
Кога Торес во 2019 година ѝ предложила на Ана да се пресели во нејзиното место во Њујорк, каде што требала да ѝ биде асистентка, девојката се согласила. Таа требало да се грижи за станот, за домашните миленици и да готви, за плата од околу 2.000 долари месечно.
Меѓутоа, набрзо сфатила дека Торес ја третира како робинка, постојано барајќи од неа да ѝ помага во сè и дозволувајќи ѝ да спие само неколку часа на ден.
Бидејќи немала каде да живее, затоа што го откажала сместувањето во студентски дом во Бостон, а немала средства за живот, издржала три месеци, а потоа успеала да побегне и да се пресели кај своето момче. Кога дознала дека уште две Бразилки, Дезире и Летиција, исчезнале во септември 2022 година, Ана со уште некои други измамени следбенички на Торес ги контактирала безбедносните служби, вклучително и ФБИ.
Торес побегнала со двете девојчиња кои ги држела во заробеништво, но била пронајдена и девојчињата биле вратени во Бразил во декември 2022 година.