Индискиот премиер Моди се сретна со Бајден: Имавме одличен разговор на неколку теми

Фото: EPA-EFE/Yuri Gripas / POOL

Индискиот премиер Нарендра Моди денеска ја почна својата дводневна посета на Вашингтон. Тој изјавил дека имал одличен разговор со американскиот претседател Џо Бајден на неколку теми.

Индискиот премиер им се заблагодари на Џо Бајден и на првата дама Џил за гостопримството во Белата куќа.

За време на посетата на индискиот премиер се очекува да се продлабочи одбранбената и технолошката соработка меѓу двете земји. Британските медиуми наведуваат дека САД сакаат Индија да биде стратешка противтежа на Кина и ја гледаат како клучен партнер.

Моди вечерва ќе се обрати пред американскиот Конгрес и заедно со Бајден ќе одржи прес-конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот