Инцидент над Балтикот: Русија испратила ловец „Су-27“ да пресретне француски и германски авион

Руски ловец „Сухој Су-27“ / Фото: Dmitriy Pichugin / Wikimedia

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека подигнало борбен авион за да пресретне француски и германски патролен авиони и да ги спречи да да навлезат во рускиот воздушен простор над Балтичкото Море.

Руските власти велат дека одлуката ја донеле откако забележале дека два авиона летаат блиску до рускиот воздушен простор.

Тие тврдат дека станува збор за германски извидувачки авион „P-3C“ и француски извидувачки „Атлантик-2“. Русија тврди дека францускиот и германскиот авиони завртеле откако увиделе дека рускиот ловец полетал, по што авионот „Су-27“ се вратил во базата.

– Откриени се две воздушни цели кои се приближуваат до државната граница на Русија“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот