Импровизирани мерки за спречување на коронавирусот на родителите во Мемфис го насмеаја интернетот (ВИДЕО)

Откако вработен во едно училиште во Мемфис бил во контакт со личност која е заразена со коронаивурсот, некои од родителите преземаа „малку поексремни мерки“ во страв од заразата – толку екстремни што „преку ноќ“ ги направија главна „атракција“ на социјалните мрежи.

На прилогот снимен пред едно училиште можат да се забележат родители кои хистерично ги бришат училишните торби на децата за да не го донесат вирусот дома, а некои од нив одат дотаму и самите деца од глава до пети да ги прскаат со средство за дезинфекција.

– Баш ми е гајл што зборуваат, јас ќе му ги пребришам и чевлите и ранецот, а и маицата веднаш ќе ја ставам за перење! – рече една од мајките пред училиштето.

Меѓутоа, некои родители одлучија дека е добра идеја од најлонски ќеси да направат заштитни одела.

Една госпоѓа реши да облече голема црна ќеса за ѓубре, две помали преку своите патики, а една да стави на главата. На лицето секако има и маска.

Im on the floor with how ppl been acting with this Corona, she sent me when she said "Shhhuuurrreeee ddiiiiidddd ??????????

Publiée par Anthony Tone Crush'em sur Mardi 10 mars 2020

Иако надлежните им порачаа дека станува збор за ситуација која не е од голем ризик за децата, тие се решени да се држат до „сопствените мерки“.

За помалку од два дена оваа снимка ја видеа 2,5 милиони луѓе, а меѓу коментарите главно може да се прочита дека ова е „најдобрата шега за коронавирусот која досега е видена“.

– Знаев дека не е попусто тоа што ги собирав најлонските ќеси од продавниците години наназад – напиша еден од читателите.

Во прилог, и вистинските мерки и препораки за тоа како се пренесува новиот коронавирус и како да се заштитите од него.

(ВИДЕО) Како се пренесува Ковид – 19 и како да се заштитите?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот