Им ги крадеше копачките на фудбалерите за да обезбеди храна за своето семејство!

Фото: EPA/PETER POWELL

Легендарниот Сер Алекс Фергусон секогаш знаеше да препознае нешто посебно кај еден фудбалер, а таков беше и Равел Морисон своевремено.

Морисон порано беше голема надеж на Манчестер јунајтед, но тој никогаш не успеа да го постигне очекуваното од него. Фергусон еднаш рече дека е еден од најдобрите кој ги видел во неговата кариера, но неговиот животен стил едноставно не му дал мир.

Никогаш не се посветил целосно на фудбалот и да успее како фудбалер, па секој ден беше во неволја. Во Јунајтед веќе не можеа тоа да го трпат и набргу потоа се ослободија од него.

Морисон моментно е без клуб иако има само 28 години, а неговиот последен ангажман беше во дресот на АДО Ден Хаг, кој го напушти на почетокот на оваа година.

Во разговор со клупската легенда на Јунајтед, Рио Фердинанд, тој се присети на деновите кога беше во екипата и призна дека честопати им ги крадел копачките на фудбалерите за да обезбеди храна за своето семејство.

– Земав стипендија и бев многу млад. Крадев копачки и ги продавав за 250 фунти. Земаш два пара и заработуваш 500 фунти и си обезбедуваш за твоето семејство да има што да јаде. Порано можевте да имате и по 30 пара копачки. Не мислев ништо лошо, но кога ги видов твоите копачки (зборувајќи кон Фердинанд) или оние на Руни, само помислив дека еден пар од тие копачки носат храна на трпезата на моето семејство. Не мислев дека тоа ќе биде голем проблем, но сега знам дека тоа беше моја грешка што ги крадев копачките – рече Морисон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот