илон маск
Фото: EPA

Илон Маск: Во моментов немам ниту стан, преспивам кај пријателите

Претприемачот и најбогатиот човек на светот Илон Маск е познат по тоа што е многу штедлив, а до кој степен оди неговата штедливост е откриено во едно неодамнешно интервју.

„Во моментов немам ниту стан, буквално преспивам кај пријателите. Ако патувам до „Bay Area“, каде што е најголемиот дел од инженерингот на Тесла, во основа се врткам низ слободните спални соби на пријателите“ – изјави Маск во неодамнешното интервју со Крис Андерсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elon Musk (@elonofficiall)


Според Блумберг, вредноста на Маск се проценува на 251 милијарда долари, а тој не гледа ништо проблематично во својето штедење.

„Секако би било многу проблематично да се троши милијарда долари годишно на лични трошоци, но тоа не е случај кај мене“, рече тој, додавајќи дека тој не поседува јахта и не оди на одмор со години, но има приватен авион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ellon musk ? (@ellonmusk.official)

„Јас немам јахта, не одам на одмор, така што мојата лична потршувачка не е голема. Исклучок е авионот, но доколку не го користев авионот, ќе имав помалку часови за работа“, изјави Маск, чиишто штедливи навики веќе неколку пати предизвикуваат интерес кај јавноста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ellon musk ? (@ellonmusk.official)

Тој неодамна стана еден од најголемите акционери на Твитер

Во неодамнешното интервју за „Vanity Fair“, неговата поранешна партнерка Грајмс изјави дека понекогаш живееле „под прагот на сиромаштијата“, наведувајќи дека тој одбивал да купи нов душек откако се појавила дупка на нејзината страна.

„Живеевме во несигурна куќа од 40.000 долари, каде што нè снимаа соседите и немаше обезбедување. Јадев путер од кикирики осум дена по ред“, рече Грајмс .

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ellon musk ? (@ellonmusk.official)

Ко-основачот на „Google“ и тогашен извршен директор Лери Пејџ рече дека понекогаш, кога Маск ја посетува Силиконската долина, испраќа е-пошта: „Не знам каде да преноќам вечерва. Може ли да дојдам?“

Маск неодамна тврдеше дека живее во „едноставна куќа од 50.000 долари што ја изнајмува од „SpaceX“, но подоцна се покажа дека ексцентричниот милијардер всушност живее во луксузна палата во Остин во сопственост на неговиот богат пријател Кен Хауери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elon Musk (@elonofficiall)


Илон Маск неодамна стана еден од најголемите акционери на Твитер и се чини дека не планира да престане да купување додека не стане единствен сопственик. Тој понуди 41,4 милијарди долари за купување на Твитер и рече дека „ќе ја разгледа неговата акционерска позиција“ доколку неговата понуда не биде прифатена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот