Илиевска: Проектот за кружниот тек кај Ветеринарната станица не доби поддршка од мнозинството советници во Советот

Габриела Илиевска/Фото: Слободен печат

Во врска со изјавата на службата за односи со јавноста на Општина Битола, дека проектот за изградба на кружен тек на улицата „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ кај Ветеринарната станица чија реализација денеска почна со сечењето на дрвја и зеленило и предизвика револт кај битолчани, претходно  добил едногласна поддршка од сите советнички групи во Советот, со реакција се  јави претседателката на Битолскиот Совет Габриела Илиевска која негира дека за овој проект гласале сите советници.

-Не  е точно дека проектот за изградба на кружен тек на улица „Прилепска” со улица „Баталјон Стив Наумов” добил поддршка од сите советници. Напротив, на  седницата на Советот која што  се одржа на 16 септември 2022 година, тој не доби мнозинство гласови.

 За увојување на проектот гласаа само советниците на ВМРОДПМНЕ, вкупно 13, што не беше доволно да помине предлогот,  бидејќи  за да помине било која одлука или предлог најмалку е потребно да добие 16 гласови, од вкупно 31 колку што брои Советот на Општината Битола- изјави за “Слободен печат” претседателката на Советот Габриела Илиевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот