ИЈЗ: 822 лица се по вторпат заразени со ковид-19

Луѓе и лекари пред инфективна амбуланта на клиника - корона пандемија (29)
Инфективна клиника Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Од 8 до 14 ноември од ковид-19 заболеле 3.218 лица од 34 градови во земјава, што е намалување од 8,1% во однос на минатата недела. Од 1 до 7 ноември бројката новозаболени од ковид-19 за една недела се зголеми за 25 отсто, односно регистрирани беа 3.504 нови позитивни случаи во 33 градови, се вели во извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Од 8 до 14 ноември тестирани се 21.346 материјали, со намалување од 3,5% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 10,7% до 20,4%, просечно 14,8%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (1.299; 40,3%), со неделна инциденца – 204,8/100.000. Највисока неделна инциденца е регистрирана во Демир Хисар 504,1/100.000 и Кратово 453,4/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (791, 24,6%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 (102; 3,2%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај сите возрасни групи, со најзабележително намалување кај возрасната група од 0-9 години, 18,4% помалку во однос на претходната недела.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.677 (52,1%) лица од женски и 1.541 (47,9%) од машки пол.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот